Техники за трансплантација на коса

 

Техники за трансплантација на коса

 

FUT (Strip) метода за трансплантација на коса


Трансплантацијата на фоликуларни
единици го репродуцира природниот раст на косата, а трансплантираната коса повторно почнува да расте како претходно, во природно настанатите групи од 1-4 влакна.

FUT
методата се спроведува преку стрип ексцизија од донор областа. Тогаш одвоените фоликуларни единици се реимплантираат во областа каде што има проретчување на косата.

Еволуцијата на FUT методата во текот на годините им понуди на нашите хирурзи за трансплантација, серија на подобрувања на нивните процедури за трансплантација на коса.

Откако веќе еднаш анестетиците се администрирани, процедурата за трансплантација на коса е безболна и придружена од лесен постооперативен тек. Иако значителен процент (приближно 30%) од пациентите кои чувствувале мала болка во минатото, денес процедурите за трансплантација се речиси безболни.

Невидливи лузни. Рафинираната техника за шиење (Трихофитично затворање) ги минимизира лузните и е една од најнапредните техники во пластичната хирургија. И овозможува на косата да расте врз лузната со што се прави камуфлажа на линијата, а таа е се помалку видлива и приметлива само од експерти. Иако постојат ограничувања во врска со имплементација на оваа техника (лимитирана флексибилност на скалпот, мала густина на донор областа), трихофитичното затворање треба да биде беспрекорно изведено, во спротивно може да води кон поочигледно создавање на лузни, отколку кај типичното стрип затворање. Кога трихофитичното затворање не се препорачува, нашите хирурзи за трансплантација имплементираат други специјализирани техники кои го минимизираат создавањето на лузни.

Индивидуализиран третман: По евалуацијата на потенцијалот и целите на пациентот, нашите доктори го прават нејзиниот/неговиот личен план за трансплантација на коса, со цел да се изведе трансплантација која најмногу се вклопува во профилот на пациентот. 

Отсуство на пост-оперативно отекување на челото: Иако многу пациенти имаат искусено пост-оперативно отекување во претходните години, денес ретко се случува да настанат отоци на челото и истото најчесто се случува дококу не се следат пост-оперативните инструкции.

FUE (Follicular Unit Extraction) метод на трансплантација на коса

Единствената разлика меѓу FUT(strip) и FUE лежи во начинот на земање на влакната. Со FUE методата, фоликуларните единици се оделуваат една по една од донор областа, додека пак преку FUT фоликуларните единици се добиваат со единечно стрип оделување и стерео-микроскопска дисекција.

Фоликуларните единици потоа се пласираат во областа на примачот со идентичен процес независно од методата на земање на влакната.

FUE се имплементира во одредени случаи (на пр. пациентите со ограничена донор област, пациенти со скалп со ограничена еластичност и итн).

Во некои случаи, може и да ги комбинираме FUT(strip) и FUE методите, во сесија која се комплетира во рамките на 2 последователни денови.

 

 Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ          Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ          Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ          Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ          Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ          Οι Καλοκαιρινές μας Διακοπές ! Ποιες μέρες δεν θα είμαστε μαζί. Ενημερωθείτε ΕΔΩ   

Send this to a friend