Трансплантанти на кос

 

Трансплантанти на коса

 

Операцијата на трансплантација на коса е единственото трајно медицинско решение за третманот на андрогенетска алопеција, најчестиот тип на губење на коса кај мажите. Докторите од BERGMANN KORD ја спроведуваат фоликуларната трансплантација на коса што се состои во екстранција на фоликуларните единици од донор областа (задниот и страничниот дел од скалпот и нивна реинплантација во областа каде што има губиток на коса.

Фоликуларните единици
може да бидат земени преку ексцизија со траки (strip методот со единечно земање на влакната со трака и стерилна микроспокспа дисекција), или со FUE методот односно екстракција на фоликуларни единици едно по едно влакно од донор областа.

Трансплантацијата на фоликуларни единици на коса
го имитира природниот раст на косата, и трансплантираната коса расте во групи од едно до четири влакна во нејзиното природно опкружување.

Трансплантацијата на фоликуларни едници на коса им дозволува на лекарите со високо развиени хируршки вештини и високо развиена естетска перцепција да постигнат рафинирани естетски резултати кои не отскокнуваат од нормалниот изглед.

 

Повеќе информации за трансплантација на коса

 

Косата расте во природно создадени групи од 1-4 влакна кои се нарекуваат фоликуларни единици. Оние кои се составени од едно влакно се лоцирани покрај предната линија на косата, а како што се движиме кон крајот на скалпот фоликулите на косата се составени од групи на 2,3 или 4 влакна.

Фоликуларните единици
се комплетни биолошки единици составени од нерви, крвни садови, лојни жлезди, колаген, малиот мускул (arrector pili). Секоја фоликуларна единица има предетерминирана генетска дефиниција. На губиток се подложни фоликулите на косата од предниот дел и на врвот на скалпот под влијание на хормонот дихидротестостерон дериват на тестостерон. Тестостеронот со помош на ензимот 5А редуктаза се конвертира во ДХТ кој како резултат на неговото дејство врз фоликулите на косата се случува минимализација на косата (постепено собирање на фоликулите на косата кое што води до постепено истенчување на косата). Губитокот на косата е крајниот стадиум на минијатуризацијата на косата.

Фоликуларните единици на задниот дел и страничните делови на скалпот – она што ние го нарекуваме донор област – ја зачувуваат нивната генетска отпорност кон андрогените хормони и со тоа и отпорноста кон отпаѓање. Со FUE медотод, односно трансплантацијата на фоликуларните единици на коса, фоликуларните единици од задниот и страничните делови на скалпот се вадат и реимплантираат во областа кај што има губиток на косата.

Новата коса почнува со растење веднаш после нејзината имплантација и првите знаци на растење се појавуаат за три месеци. Со цел да се види целосниот резултат од трансплантацијата на коса пациентите треба да чекаат околу 10 месеци после процедурата. Трансплантираната коса останува за цел живот и не бара дополнителна грижа од таа потребната за претходно постоечката коса. 

 

Тим на доктори за трансплантација на коса

 

Секој медицински тим на  BERGMANN KORD се состои од хирург за трансплантација на коса на главата, асистент на докторот, анестезиолог и специјализиран медицински кадар. Трансплантацијата на коса се изведува со помош на локална анестезија и е безболна процедура.

 

Должина на процедурата

Процедурата трае неколку часа, но времето поминува пријатно бидејќи може да разговаате со медицинскиот тим, гледате CD или DVD или едноставно да се опуштите. По завршувањето на процедурата се враќате дома.

 

Враќање на секојдневните активности

После неколку дена може да продолжите со вашите секојдневни активности и во многу случаи може да се вратите на работа дури наредниот ден после процедурата. Докторите лично ќе ве советуваат во зависност од вашиот личен начин на живеење. 


Операциони сали
doctors_1

 

Сите трансплантации на коса во BERGMANN KORD се изведуваат во најмодерни операциони сали опремени со најмодерна технологија, каде што има најстроги протоколи за хигиена и безбедност кои потполно се почитуваат.

 

Техники за трансплантација на коса

Трансплантацијата на фоликуларните единици на коса им овозможува на лекарите да го репродуцираат природниот раст на косата. Двете најнапредни техники за трансплантација на коса се FUT (strip) техника и FUE техника. Поконкретно :

 

  • FUT (strip) техника за трансплантација на коса: фоликуларните единици се земаат преку ексцизија со лента (земање со единечна лента и стерео микроскопска дисекција и потоа тие се имплантираат во областа каде што нема коса).
  • FUE (Folicullar Unit Extraction): фоликуларните единици се земаат од донор со екстракција на влакната едно по едно.

Со цел да се направи одлука за соодветната техника за трансплантација на коса докторот во предвид зема многу параметри, како на пример тип на губиток на коса, шемата на паѓање на коса, потенцијалот на донор областа.

 

Бесплатна постоперативна грижа

 

По завршувањето на процедурата за трансплантација на коса, усмено и по писмен пат ќе ви бидат дадени сите потребни постоперативни инструкции и исто така обезбедуваме 24 часовна медицинска нега. Денот после процедурата (па дури и во наредните 15 дена) ќе дојдете во нашата клиника за вашето прво миење на коса и испитување од страна на докторот. Тогаш ќе ви биде даден распоред на следните консултации со лекарот (контролите се изведуваат на крајот на втората недела и во третиот, шестиот и десетиот месец после процедурата) за проверка и следење на постоперативниот тек. BERGMANN KORD продолжува да стои покрај сите пациенти за било каков совет или информација поврзани со косата.

 

Основни информации за трансплантантите на коса

Преку трансплантацијата на коса ние не можеме да создадеме нова коса или да го запреме паѓањето на коса, трансплантацијата на коса ја редистрибуира постоечката коса од областите со соодветна густина во областите каде што има губиток на коса. Тоа значи дека трансплантантите за коса не можат да креираат полна глава со коса и основен предуслов за некој кој одлучил да има процедура за трансплантација на коса е да има адекватна количина влакна од донор областа.

Крајните резултати варираат од личност до личност, и тоа зависи од различни параметри кои треба да се разгледуваат посебно во секој случај : карактеристиките на лицата, бројот на фоликуларните единици кои треба да бидат трансплантирани, дијаметарот на отворот (тенки влакна даваат помала густина), бојата и текстурата на косата, бојата на кожата, опуштеноста на кожата итн.

Трансплантацијата на коса е однапред дефиниран процес кој се одвива преку одредени чекори, и секогаш различен во согласност со потребите на пациентот – докторите од Бергман Корд ги следат највисокитестандарди за секоја единечна етапа на процесот: microscopio_small

  • Фоликуларните единици се заштитени до времето на нивната реимплантација
  • Се креираат сooдветни на страни на реципиентот 
  • Фоликулите на косата се трансплантираа кај местата на реципиентот

Во текот на поставувањето на фолекуларните единици докторите од BERGMANN KORD ги земаат во предвид сите потребни параметри кои ќе создадат природен резултат.

  • Соодветно позиционирање на фоликуларните единици со цел да станат целосно хармонизирани со  условите за растење во областа на реципиентот
  • Соодветна дистрибуција на фоликуларните единици во областа каде што има проретчување на косата, со цел да осигура максимална густина.
  • Ефективна комбинација на сите фактори кои допринесуваат за префинета и природна линија на косата