Андрогенетска Алопеција

 

Андрогенетска Алопеција

 

Медицинскиот термин за опаѓање на коса се нарекува Алопеција и може да биде привременен или доживотен. Андрогенетската алопеција е најчестиот вид на губење на косата кај мажите и одговорен е за 95% од случаите на алопеција кај мажите и исто се јавува кај жените (шеми за губење на коса кај жените). На почетокот забележуваме повлекување на фронталната линија која што обично води кон ослабување на горниот и предниот дел на скалпот, а во некои случаи дури и кај круната. Таа настанува како резултат на долготрајното влијание на андрогени хормони кај лицата со генетска предиспозиција за губење на косата. Продолжениот и континуиран ефект на андрогените хормони врз подложните фоликули на косата е факторот кој води кон нивно смалување и последователно Hair_follicleгубење на косата.

Причини за андрогенетска алопеција

 

Андрогенетската алопеција се препишува на генетска предиспозиција, андрогени хормони и возраст.Андрогенетската алопеција се препишува на генетска предиспозиција, андрогени хормони и возраст.

 

Генетска предиспозиција

 

Во јадрото на секоја човечка клетка има 46 хромозоми кои се јавуваат од парови (еден од мајката еден од таткото). 22 од нив се наречени автосомни и тие се исти за двата пола. 23-от пар на хромозоми (половите хромозоми) се различни кај мажите и жените. Круцијален фактор кој го стимулира губитокот на коса е генетскиот фактор. Генетската предиспозиција е одговорна не само на појавата на губиток на коса, туку исто така и за степенот на напредок на губитокот на влакната. Доколку постои генетска предиспозиција тогаш губитокот на коса се забрзува како резултат на андрогените хормони и стареењето. Во кратки црти, изретчувањето се јавува како резултат на неможноста на организмот да ја произведува потребната количина на нова, здрава коса.

 

Андрогени хормони

 

Хормоните се биохемиски супстанции кои циркулираат во крвта и ги регулираат физиолошките потреби на организамот. 

Hormones are biochemical substances that circulate in the blood and regulate the physiological needs of the organism.
Андрогените хормони се продуцираат кај мажите, а во помали количини и кај жените. Кај мажите андрогените хормони се одговорните за карактеристиките на полната зрелост. Главниот претставник на андрогените хормони е Тестостеронот.

Во случаите на андрогенетска алопеција, фоликулите на косата на предниот дел и на врвот на скалпот се подложни на дејство на хормонот Дихидротестостерон (DHT), кој е дериват на тестостеронот. Со помош на ензимот 5–а редуктаза, тестостеронот се претвара во DHT, кој влијае врз приемниците на фоликулите на косата и провоцира промени во нивната функција.

Продолжената акција на DHT на подложните фоликули на косата води кон нивна прогресивна минимализација. Како резултат на тоа, фоликулите на косата постепено се смалуваат со секој животен циклус на косата. Некои од нив стануваат неактивни, а други ја губат способноста за производство на здрави влакна. Тие почнуваат да продуцираат посветло обоена минијатурна коса. Овој феномен се нарекува минимализиција на косата и паѓањето на косата е крајниот стадиум.

 

Возраст

 

Точното време на почетокот на губитокот на коса како и на неговиот прогрес е различен меѓу различни луѓе. Како што беше претходно споменато, наследноста и андрогените хормони имаат значително влијание врз тоа.

Возраста е катализаторот за губиток на косата, како резултат на фактот дека фоликулите на косата кои се подложни на андрогените хормони мора да да бидат изложени на влијание на хормонот на долг период – всушност со години – со цел да почнат да станат слаби.

Но, дури и во случаите кога не постои наследност во губењето на косата, стареењето може да ја ослабне косата. Некои од фоликулите на косата стануваат неактивни и престануваат на продуцираат коса. Но дури и во овие случаи, донор областа во тилот покажува отпор кон стареењето, и ова им овозможува на постарите мажи да продолжат кон процедурата за трансплантација на коса.

 

  Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                               Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                               Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                               Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                               Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                               Εορταστικό Ωράριο: Τα Κέντρα μας θα είναι κλείστα από Μεγ. Σάββατο 27/04/19 έως και την Τετάρτη 01/05/2019                                                        

Send this to a friend